АКАУНТ ГРУП https://smetkovodstvo.com.mk Сметководствено биро и консалтинг услуги Tue, 29 Sep 2020 19:23:20 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=5.8.8 Претставен четвртиот пакет економски мерки на владата, за справување со економската криза COVID-19 https://smetkovodstvo.com.mk/2020/09/29/%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%82%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d1%87%d0%b5%d1%82%d0%b2%d1%80%d1%82%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%bf%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d1%82-%d0%b5%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%be%d0%bc%d1%81%d0%ba/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25b5%25d1%2582%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25b2%25d0%25b5%25d0%25bd-%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25b2%25d1%2580%25d1%2582%25d0%25b8%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25bf%25d0%25b0%25d0%25ba%25d0%25b5%25d1%2582-%25d0%25b5%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25be%25d0%25bc%25d1%2581%25d0%25ba Tue, 29 Sep 2020 18:13:56 +0000 https://smetkovodstvo.com.mk/?p=638 Четвртиот пакет економски мерки е директна помош за економската и социјалната сигурност на нашите сограѓани, како и за поттик на приватната потрошувачка како стимулатор на општествениот раст. ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ ЗА 10, 11 И 12 МЕСЕЦ Како прва од пакетот четири, ја издвојувам мерката Поддршка за исплата на плати, која продолжува да важи …

Претставен четвртиот пакет економски мерки на владата, за справување со економската криза COVID-19 Read More »

The post Претставен четвртиот пакет економски мерки на владата, за справување со економската криза COVID-19 appeared first on АКАУНТ ГРУП.

]]>
Четвртиот пакет економски мерки е директна помош за економската и социјалната сигурност на нашите сограѓани, како и за поттик на приватната потрошувачка како стимулатор на општествениот раст.

  1. ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ ЗА 10, 11 И 12 МЕСЕЦ

Како прва од пакетот четири, ја издвојувам мерката Поддршка за исплата на плати, која продолжува да важи и за последниот квартал од годината, односно и за месеците октомври, ноември и декември.

Новост во оваа мерка е што поддршката ќе биде одредена скалесто согласно падот на приходите кај компаниите. Колку е поголем падот на приходите во компаниите опфатени со оваа мерка, толку поголема ќе биде поддршката од државата за исплата на платите и таа ќе се движи од досегашните 14.500 до 21.776 денари. Обезбедуваме повеќе пари за поддршка на вработените, за стабилност на работните места.

Оваа мерка важи и за самостојните вршители на дејности, односно трговците поединци, лицата што вршат земјоделска дејност, занаетчиска дејност и лица што вршат други услуги.

  1. ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Следна мерка – Продолжуваме со платежни картички за граѓаните за поголема потрошувачка и за развој на домашните економски дејности.

Овој пат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе ги добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 наши сограѓани пензионери, невработените кои се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници.

Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат уште 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички, а за што навремено и со право реагираа претставниците на студентите.

Плус поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици.

Секако, ќе ги помагаме и оние граѓани кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.

  1. ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА ГРЕЈС ПЕРИОДОТ КАЈ БЕСКАМАТНИТЕ КРЕДИТИ

Како трета мерка е зголемувањето на грејс периодот кај бескаматните кредити од КОВИД-1.

Со оваа мерка, преку Развојната банка на Република Северна Македонија, на постоечките корисници на кредитни линии од оваа банка, ќе им бидат обезбедени дополнителни 3 месеци грејс период пред да започнат со исплата на ануитетите од земените кредити.

  1. ПОВОЛНИ КРЕДИТИ ОД РАЗВОЈНАТА БАНКА

Со четвртата мерка од новиот пакет се обезбедени нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија.

Овие поволни кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија се обезбедени преку Европската инвестициона банка и ќе бидат пласирани во јануари 2021, преку деловните банки за поддршка на домашните компании, со исклучително ниска камата.

  1. ПОДДРШКА СО ПЛАТИ ЗА ТУРИСТИЧКИТЕ ВОДИЧИ

Петтата мерка го потврдува нашиот принцип дека никој нема да биде изоставен и таа предвидува – Поддршка со плати за туристичките водичи.

На 150 регистрирани туристички водичи за месеците октомври, ноември и декември, ќе им биде исплатена минимална бруто плата во висина 21.776 денари.

  1. ПОВРАТ НА ТУРИСТИЧКАТА ТАКСА ЗА 2019 ГОДИНА

За поддршка на секторот туризам, како еден од најпогодените од кризата, определивме мерка – Поврат на туристичката такса за 2019 година.

На 4.740 субјекти кои организирале ноќевања во 2019 година, ќе им бидат вратени 2 милиони евра, колку што изнесува вкупниот износ на туристичката такса инкасирана во таа година.

  1. ГРАНТОВИ ЗА ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ

Кога сме кај секторот туризам, со овој пакет ја носиме и мерката – Грантови за туристички агенции.

Корисници на оваа мерка ќе бидат 500 туристички агенции, а нејзината вкупна вредност изнесува 1,9 милиони евра за грантови од 3.000 до 7.000 евра за сите туристички агенции во зависност од бројот на вработени и од вкупниот промет во 2019 година, и во зависност од тоа дали се носители на А или Б лиценца.

  1. НАМАЛУВАЊЕ И/ИЛИ УКИНУВАЊЕ НА ПАРАФИСКАЛНИТЕ ДАВАЧКИ

Низ процесот на консултации со стопанските комори, стигнавме и до заклучок за мерката – Намалување и/или укинување на парафискалните давачки

Многу бргу, повторно во соработка со стопанските комори, ќе следува утврдување на листа од приоритетни парафискални давачки, како што се надоместоци, такси, дозволи, лиценци, плаќања за издвојување средства по разни основи и нивно тековно намалување и/или укинување на некои од нив.

  1. ГРАНТОВИ ЗА РЕСТОРАНИ ЗА СВАДБИ

Мерката број 9 е Грантови за ресторани за свадби – поддршка ќе добијат сите регистрирани и лиценцирани субјекти за оваа дејност, во вкупна вредност од 1 милион евра.

Грантовите одделно се во висина од 3.000 до 10.000 евра, во зависност од остварениот промет во 2019 година.

Овде ја отвораме опцијата за регистрација на таквата дејност затоа што еден дел од овие дејности се регистрирани за организирање свадби, а еден само за достава на храна.

  1. ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦИТЕ ЗА РАБОТА НА ДИСКОТЕКИТЕ, НОЌНИТЕ КЛУБОВИ КАКО И ЗА КОМПАНИИТЕ ОД ТРАНСПОРТНАТА ЗАЕДНИЦА

Со овој пакет е опфатена и мерката – Продолжување на лиценците за работа на дискотеките, ноќните клубови како и за компаниите од транспортната заедница.

Согласно регистрацијата за работа, на околу 120 дискотеки и ноќни клубови, како и на околу 7000 транспортери, ќе им се продолжи лиценцата за работа и во 2021 со 0 денари надомест, со тоа што транспортерите ќе добијат ослободување плус уште за една година во зависност од тоа кога им истекува лиценцата што ја добиле.

  1. ГРАНТОВИ ЗА ИГРОТЕКИ ЗА ДЕЦА

За околу 1.000 игротеки ќе се обезбедат грантови во висина од 1.000 до 5.000 евра во зависност од остварениот промет во 2019 година, а целата вредност на оваа мерка изнесува 2,5 милиони евра.

  1. ПОДДРШКА ЗА ЗАНАЕТЧИИТЕ

Со неа се предвидува намалување на ДДВ-то на нивните услуги и производи од 18% на 5% за да ја зајакнеме нивната конкурентност на пазарот.

Напоменувам дека на самостојните вршители на дејности, односно на занаетчиите, им остануваат на располагање и другите мерки, како оние за поддршка за исплата на платите или пристапот до поволните кредити од Развојната банка на Северна Македонија.

  1. ДРЖАВНА КРЕДИТНА ГАРАНЦИЈА

Во периодот на имплементација на четвртиот пакет ќе се активира и мерката – Државна кредитна гаранција.

Со оваа мерка државата става на располагање 10 милиони евра финансиски средства за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање на дел од кредитниот ризик. Со државната гаранција од 10 милиони евра на стопанството ќе му бидат на располагање кредити со вредност од 65 милиони евра.

  1. ДРЖАВНА ЦАРИНСКА ГАРАНЦИЈА

Од голема поддршка за компаниите ќе биде и мерката – Државна царинска гаранција.

Оваа мерка има за цел да им обезбеди поголем извоз на компаниите и полесен пристап до суровини.

Со 3 милиони државна гаранција за обезбедување на царинскиот долг го поддржуваме извозот и увозот и го олеснуваме пристапот на суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра, преку Развојната банка на Северна Македонија.

  1. ОДЛОЖУВАЊЕ НА ОТПЛАТА НА КРЕДИТИ ЗА КОМПАНИИ

Како уште една мерка за олеснување на работењето на компаниите е – Дополнително одложување на отплата на кредити за компании, до крајот на годината.

  1. НАМАЛУВАЊЕ НА КАЗНЕНАТА КАМАТА ЗА ЈАВНИ ДАВАЧКИ

Во овој пакет ја продолжуваме мерката за Намалување на казнената камата за јавни давачки за половина од 0,03% на 0,015% до крајот на годината.

  1. ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПЛАЌАЊЕ НА АКОНТАЦИЈА НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА

Една од мерките која наиде на одобрување и ја прифатија многу компании беше и мерката – Одложување на плаќање на аконтација на данокот на добивка.

Заради тоа ја вклучивме и во овој сет мерки и таа предвидува одложување на плаќањето на аконтациите на данокот на добивка до март 2021 година за компании кои имаат пад на приходи поголем од 40%.

  1. ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ДДВ ЗА ДОНАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Ја продолжуваме и мерката Ослободување од ДДВ за донации од јавен карактер, за уште 12 месеци.

  1. НАМАЛУВАЊЕ НА СТАПКАТА ЗА ДДВ ЗА РЕСТОРАНСКИ УСЛУГИ И СЛУЖЕЊЕ НА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ

Една од новите мерки е – Намалување на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци, со која овие услуги ќе се даночат со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо сегашната редовна стапка од 18%..

Целта на оваа мерка е намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, како и поголема ликвидност на услужниот сектор за храна и пијалаци.

За оваа мерка се потребни законски измени и таа ќе започне со имплементација од 1 јануари наредната година.

  1. ОДЛОЖЕНО ПЛАЌАЊЕ НА ДДВ

За да ги олесниме финансиските обврски на компаниите ја носиме и мерката – Одложено плаќање на ДДВ-то.

Со оваа мерка ќе биде дозволено одложено плаќање на ДДВ, седум дена по поднесување на ДДВ пријавата, без камата.

  1. БРИШЕЊЕТО НА УСЛОВОТ ЗА СОБИРАЊЕ ПОЕНИ ОД КПУ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛИ

Една од мерките на овој пакет број 4 за справување со последиците од КОВИД-19 е – Бришењето на условот за собирање поени од Континуирано професионално усовршување (КПУ) за продолжување на лиценца за сметководители.

Корисници на оваа мерка се 9.360 регистрирани сметководители, за кои во 2020 година нема да важи условот за собирање поени од Континуирано професионално усовршување за продолжување на лиценцата сметководителите.

  1. ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕРИОДОТ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИ НА ТЕРЕТ НА ИДНИ ДОБИВКИ

Со оваа мерка ќе се укине обврската од Законот за данокот на добивка за покривање на загубите на терет на идни добивки. Воедно, со предложените измени, ќе се продолжи рокот за пренесување на загуби на терет до пет години, наместо сегашното законско решение кое утврдува пренесување на загубата до три години.

Оваа мерка стартува оваа година и важи за 2020 и 2021 година.

  1. ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРАГОТ СО КОЈ СУБЈЕКТИТЕ БИ БИЛЕ ДЕЛ ОД РЕЖИМОТ НА НЕОДАНОЧУВАЊЕ СО ДАНОК НА ДОБИВКА

Следната мерка која е од сферата на даночната политика е мерката – Зголемување на прагот со кој субјектите би биле дел од режимот на неоданочување со данок на добивка и зголемување на прагот со кој субјектите би влегле во режимот на вкупен приход.

Со оваа мерка се предвидува прагот да биде поставен на 5 милиони денари на годишно ниво, согласно кој може да се стане даночен обврзник во режимот на неоданочување.

Исто така, мерката предвидува да се зголеми прагот со кој компаниите би биле дел од режимот на вкупен приход, односно правните лица кои имаат вкупен приход помеѓу 5.000.001 денар и 10 милиони денари, да може да одберат дали да плаќаат данок на добивка или да преминат во режим на данок на вкупен приход од 1%.

Со оваа мерка ќе се ослободат околу 1,15 милиони евра кои компаниите можат да ги пренаменат за инвестиции или за други развојни бизнис планови.

24 и 25. ПРИЗНАВАЊЕ НА ТРОШОКОТ ЗА ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ И
ЗА ТЕСТИРАЊЕ ОД КОВИД – 19

Во овој пакет е вклучена и мерката Признавање на трошокот за приватно здравствено осигурување како признаен расход, како и мерката (25) Признавање на расходите за тестирање од КОВИД – 19, исто така како признаен расход.

 

  1. НАМАЛУВАЊЕ НА УВОЗНИ ДАВАЧКИ ЗА СУРОВИНИ И РЕПРОМАТЕРИЈАЛИ

Со мерката – Намалување на увозни давачки за суровини и репроматеријали, се обезбедува поддршка за најпогодените преработувачки индустрии, како и поттик за развој на преработувачките капацитети.

Со оваа мерка, покрај сите автономни мерки за суровини утврдени на 24 декември 2019, се вклучува и намалувањето на увозните давачки за природен гас со конечна цел не само економски, туку и еколошки ефект.

  1. ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ДАНОК НА ДОБИВКА И ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД

За мерката – Поддршка за развој на човечкиот капитал, во овој пакет е предвидено ослободување од данок на добивка и данок на личен доход за трошоци за вработени кои се однесуваат на доквалификација и тим билдинг.

Ќе се укине данокот на личен доход за трошоци кон вработени кои се однесуваат за обука, квалификации, добивање лиценци, со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на работната сила со која располагаат компаниите, но истовремено ќе се пропише и законски лимит за овие трошоци, на пример една просечна плата на годишно ниво.

Оваа мерка ќе започне да се имплементира од 1 јануари наредната година.

  1. ПОДДРШКА НА ОТКУП НА ГРОЗЈЕ ОД РЕКОЛТА 2020 ГОДИНА

Со мерката – Поддршка на откуп на грозје од реколта 2020 година, за која се предвидени 6.700.000 евра, ќе се поддржат производители на винско грозје кои го предале своето грозје кај регистрирани винарски визби, како и винарски визби за транспортните трошоци при извоз.

Секој извозник ќе добие субвенција според количината извезено вино, која ќе се исплаќа скалесто во зависност од количината на извезено вино.

  1. ОСЛОБОДУВАЊЕ ВО ВИСИНА НА 2/3 ОД ЗАКОНСКИ ПРОПИШАНИОТ ИЗНОС ЗА ПРИРЕДУВАЧИ НА ИГРИ НА СРЕЌА

За секторот игри на среќа е предвидена мерката – Ослободување во висина на 2/3 од законски пропишаниот износ за приредувачи на игри на среќа.

Со оваа мерка приредувачите на игри на среќа, казината, ќе плаќаат 1/3 од надоместоците за AR (ауто-рулет) маси и други маси.

  1. ПРОМЕНА НА ПРЕСМЕТКА НА ОСНОВАТА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

За да го олесниме работењето на општините во време на КОВИД-19, ја определивме мерката – Промена на пресметка на основата за финансирање на Единиците на локалната самоуправа, со која при издвојување на средства за единиците на локална самоуправа, наместо само за претходната година како до сега, во предвид ќе биде земена пресметката на просечна наплата на ДДВ за претходните три години.

  1. ВИКЕНД БЕЗ ДДВ

И на крајот, во овој пакет мерки ќе го спроведеме Викендот без ДДВ.

Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350.000 граѓани, корисници на апликацијата „МојДДВ“, кои за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври ќе можат да купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари, во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ.

Со ова мерка се проектира да се направи промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра, од повратот на ДДВ.

The post Претставен четвртиот пакет економски мерки на владата, за справување со економската криза COVID-19 appeared first on АКАУНТ ГРУП.

]]>
Вториот пакет економски мерки за справување со COVID 19 кризата https://smetkovodstvo.com.mk/2020/04/01/%d0%b2%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%bf%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d1%82-%d0%b5%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%be%d0%bc%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bc%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d0%bf%d1%80%d0%b0/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b2%25d1%2582%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b8%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25bf%25d0%25b0%25d0%25ba%25d0%25b5%25d1%2582-%25d0%25b5%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25be%25d0%25bc%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25bc%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25b0 Wed, 01 Apr 2020 15:46:49 +0000 https://smetkovodstvo.com.mk/?p=512 Владата на РСМ на вчерашната пресконференција го објави вториот пакет економски мерки за справување со кризата настаната поради пандемијата на коронавирусот COVID -19. Објавените пакет економски мерки изворно ви ги доставуваме во прилог. Напоменуваме дека Мерките по број 1,2,3,4,5,6,7,8,10,11,12,13,15,16 како акт, сѐуште не се објавени во „Службен Весник на РСМ“ Мерка 1 „Со мерката број …

Вториот пакет економски мерки за справување со COVID 19 кризата Read More »

The post Вториот пакет економски мерки за справување со COVID 19 кризата appeared first on АКАУНТ ГРУП.

]]>
Владата на РСМ на вчерашната пресконференција го објави вториот пакет економски мерки за справување со кризата настаната поради пандемијата на коронавирусот COVID -19.

Објавените пакет економски мерки изворно ви ги доставуваме во прилог.
Напоменуваме дека Мерките по број 1,2,3,4,5,6,7,8,10,11,12,13,15,16 како акт, сѐуште не се објавени во „Службен Весник на РСМ

Мерка 1

„Со мерката број 1 што денеска е утврдена на седницата на Владата се предвидува финансиска поддршка за правните субјекти од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19. Предмет на оваа финансиска поддршка е исплатата на платите на работниците кај работодавачот-барател на финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година во износ од најмногу 14.500 денари месечно по работник, сразмерно на остварените ефективни часови поминати на работа.• Со мерката се поддржува ликвидноста на работодавачите од приватниот сектор, односно се намалуваат нивните трошоци за плати во функција на заштитата на работните места на работниците во услови на криза.
Со цел спроведување на мерката ќе биде отворена Владина Програма за финансиска поддршка на фирмите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19.
Правните субјекти од приватниот сектор самостојно ќе ја исплатат платата на редовен начин преку алатката „Месечна пресметка за интегрирана наплата“ на Управата за јавни приходи.
Фирмите од приватниот сектор баратели на финансиска поддршка ќе треба да исполнат неколку услови за да ја користат мерката:
Да не исплаќаат дивиденди на сопствениците; како и бонуси, годишни награди, награди за деловна успешност и сл. на вработените и членовите на органите на управување и надзор на работодавачот.
Треба да имаат најмалку 30% намалување на приходите споредено со просекот од минатата година, односно сезонскиот просек за работодавачите кои вршат сезонска дејност.
За месецот за кој се бара поддршка, просекот на делот на највисоките нето плати на 10% од бројот на вработените кај барател на поддршката, да не надминува износ од 120.000 денари месечно по вработен.Дополнително:
Финансиската поддршка не се однесува на оние вработени кои за месеците декември 2019 година, јануари и февруари 2020 година примиле нето плата повисока од 39.900 денари. Правните субјекти што ќе добијат финансиска поддршка од оваа мерка имаат обврска истиот број на вработени што го имале во моментот на аплицирање да го задржат заклучно со месец септември 2020 година.
Добиената финансиска поддршка нема да ја враќаат работодавачи што искажале загуба за 2020 година. За останатите враќањето е лимитирано до износ од 50% од добивката пред оданочување зголемена за оданочивите расходи.
Оваа мерка ги опфаќа и медиумските правни субјекти од приватниот сектор, под истите услови.
За самостојните вршители на должност, односно сите занаетчии како автомеханичари, фризерки, бербери и други, да имаат пристап до оваа мерка, ќе биде донесена дополнителна уредба.
Субвенционирање на 50% придонеси на плата:
За погодените компании воведуваме 50% субвенција на придонеси. Оваа мерка е алтернатива со нето плата.
Критериумите за користење на двете мерки ќе бидат објавени во дополнителна уредба.

Мерка 2

Помош за спортистите
За сите спортски работници вработени во спортските здруженија, владата ќе обезбеди минимална плата од 14.500 денари за април и мај.

Мерка 3

Помош за уметниците
За 141 самостоен уметник ќе биде обезбедена минимална плата за месеците април и мај, како и придонеси преку Министерството за култура.

Мерка 4

Месечна плата (паричен надоместок) за граѓаните што останале без работа поради кризата, во висина од 50% од просечната плата на работникот
За граѓаните кои останале без работа поради кризата, државата ќе исплаќа паричен надомест секој месец во висина од 50% од просечната месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и член 68 од овој закон, според кој граѓаните кои останале без работа ќе остварат надомест преку Агенцијата за вработување согласно нивните години работен стаж.
На пример: За 5 години стаж, 4 месеци надомест, или за 24 години стаж – 12 месеци надомест.

Мерка 5

Сите избрани и именувани функционери ќе примаат минимална плата од 14.500 ден во април и мај 2020 година
Сите избрани и именувани функционери на државно и на локално ниво ќе земат минимална нето плата (сметано од декември 2019) од 14.500 денари за месеците април и мај 2020 година.
Тоа значи: Претседателите на државата, на Собранието и на Владата, сите министри, заменици министри, државни секретари, директори на државни институции, пратеници, градоначалници, и сите останати избрани и именувани лица.
Одредбите од оваа уредба не се однесуваат на именуваните лица согласно закон во јавните здравствени установи.

Мерка 6

Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции нема да примаат надомест за времетраење на кризата
Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции од извршната и локалната власт, како и претседатели и членови на советите на општините, и претседатели и членови на комисии формирани од извршната и локалната власт кои се истовремено некаде вработени, нема да земаат никаков надоместок додека трае кризата. Одлуката ќе важи додека Владата не донесе одлука за престанок на истата.
Оваа мерка не се однесува за лицата што се невработени, и за кои овој им е единствен приход.

Мерка 7

Грижа за лицата во неформалната економија – Надомест од 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија
За оние лица кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија овозможуваме брз влез во системот на социјална заштита за месец април и мај. Тие ќе добијат просечно по 7.000 денари по домаќинство.
Проценетиот опфат со новите мерки изнесува околу 20.000 нови домаќинства од неформална економија и 30.000 постоечки корисници.

Мерка 8

Се запира Законот за извршување до крајот на јуни
Се суспендира односно запира законот за извршување до крајот на јуни. Извршителите ќе бидат должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија.Работодавците на должниците и носителите на платен промет се должни да запрат со постапување по издадени налози од страна на извршителите до крајот на јуни. Ова нема да важи само во случаи кога веќе парите се легнати на сметка на извршителите и тие ќе можат да ги префрлат парите на доверителите и во случаи кога се работи за алиментација за дете кон самохрани родители.
Остварувањето на оваа мерката е веќе во тек.

Мерка 9

Одложување на кредитите кај банките
Народната Банка на РСМ ја промени Одлуката за методологијата за управување со кредитен ризик со цел донесување на посебни одредби заради ублажување на последиците од вирусот КОВИД-19.
Со цел полесно спроведување на активностите донесени со Одлуката, а кои се однесуваат на преземање на активности од страна на банките за одложувањето на отплатите, репрограмирањето и договарањето помеѓу банките и нивните клиенти во услови на криза од вирусот КОВИД-19, Министерството за финансии и НБРМ во соработка со Македонската банкарска асоцијација подготвија Уредба за начинот на промена на договорни услови на кредитните изложености кај банките и штедилниците, во која се дефинира начинот на спроведување на промените, која беше усвоена од Владина седница одржана на 26.03.2020 година.
Со оваа уредба се овозможува банките на лесен и едноставен начин да ги одложат кредитите на своите клиенти без потпишување на анекси и без одење на шалтер и во физичките локации на банките.
Банките на правните лица ќе им понудат поповолни услови како пролонгирање на отплатите, репрограм, грејс период, поповолна каматна стапка и слично, додека кај физичките лица банките ќе ги одложат отплатите на ратите на 3 до 6 месеци.
Секоја банка ќе ја донесе одлуката на своите надзорни одобри и ќе ги извести своите клиенти.
И оваа мерка е веќе во реализација.

Мерка 10

Намалување на ратата и репрограмирање на кредитите кај финансиските друштва и лизинг компаниите
Оваа мерка предвидува кредитите на физичките лица да се репрограмираат со намалување на ратите во следните три месеци за 70% од ратата и со продолжување на рокот за отплата за најмалку 90 дена од доспевањето.
За кредитите кај правните лица ќе се одлучува индивидуално со предлагање на најсоодветни поволности согласно потребите на компаниите. Нови договори за кредити да се одобруваат со 3 месеци грејс период. Законската затезна камата која до сега изнесуваше 51%, сега се намалува на 31%, додека останатите трошоци кои друштвата ги наплаќаат се ограничуваат на 20% од одобрениот кредит.

Мерка 11

Да се одложи плаќањето закуп за корисниците на социјалните станови
Плаќањето на закуп на социјалните станови ќе се одложи за сите корисници. За фирмите ќе се донесе посебна уредба за ова прашање.

Мерка 12

Дополнителни бескаматни кредити за фирмите од нови 8 милиони евра
Развојната банка на РСМ, покрај 5,7 милиони ќе пушти и дополнителни 8 милиони бескаматни кредити зa микро, мали и средни претпријатија кои може да го земе компанијата во зависност од бројот на вработени.
Максималниот износ на кредитот кој ќе биде одобрен на кредитокорисникот не може да биде повисок од 5.535.000 денари, односно 90.000 евра, а минималниот износ на кредитот не може да биде понизок од 184.500 денари, односно 3.000 евра.
Кредитите ќе бидат со рок на отплата до 3 години со грејс период од 12 месеци наменски за обртни средства. Отплатата на кредитот од страна на кредитокорисникот ќе се врши во квартални отплати.
Кредитите се бескаматни и без трошоци за администрирање. Кредитите ќе бидат обезбедени со меница во форма на нотарски акт и со извршна клаузула.

Мерка 13

50 милиони евра евтини кредити од Развојната банка (РБ) на РСМ пласирани преку комерцијалните банки за ликвидност на компаниите.
Во рамки на тековниот договор за заем помеѓу РБ на РСМ и Европската инвестициона банка, се овозможува користење на поволни кредити наменети за мали и средни претпријатија.
Целта на оваа кредитна линија е обезбедување на капитал за поддршка на нови проекти, вработувања, зголемена ликвидност и зголемен извоз. Развојна банка ја пласира оваа кредитна линија преку деловните банки до мали и средни претпријатија.
Во рамки на овој договор, РБ има можност за повлекување на неискористен дел од кредитната линија во износ од околу 50 милиони евра, со ниска каматна стапка, согласно доставени барања од страна на деловните банки. Со цел надминување на проблемите кои произлегуваат од новонастанатата состојба со појава на вирусот кој директно го погодува работењето на малите и средните претпријатија, државата презема мерка со која ќе ја субвенционира каматната стапка на РБ кон ЕИБ, како и административниот трошок од 0,5% кој РБ ќе го пресметува кон деловните банки преку кои ќе се пласираат средствата од оваа кредитна линија.
Со оваа мерка, РБ ќе понуди камата од 0% на банките кои можат да нудат камати од околу 1.5%.

Мерка 14

Се забранува отворање на стечајна постапка
За време на кризата и 6 месеци по кризата се забранува отворање на стечајни постапки.
Оваа мерка е веќе донесена.

Мерка 15

Задолжително користење на првиот дел од годишниот одмор (за 2020) година, односно задолжително доискоростување на годишниот одмор од минатата година заклучно со мај 2020 година, кој ќе се одобрува од работодавачот.

Мерка 16

Формирање на солидарен COVID-19 фонд

Во Владата ќе биде отворена посебна наменска сметка за примање на донации од правни и физички лица, кои ќе имаат можност да донираат средства кои ќе се користат за справување со кризата предизвикана од корона вирусот.

Ги повикувам сите правни и физички лица да бидат солидарни и да го помогнат овој солидарен фонд.

Мерка 17

Намалување на авторски хонорари

Лицата кои по било кој основ се ангажирани преку авторски хонорари од страна на државните институции, кои се истовремено некаде вработени, ќе им се исплаќа 50% помал хонорар од договорот кој го имаат потпишано. Оваа мерка нема да се применува доколку лицето е невработено и примањата од авторскиот договор му се единствени примања.“ Вториот пакет, Вториот пакет, Вториот пакет, Вториот пакет, Вториот пакет, Вториот пакет, Вториот пакет

The post Вториот пакет економски мерки за справување со COVID 19 кризата appeared first on АКАУНТ ГРУП.

]]>
Минималната плата ќе порасне на 14.934 денари нето износ https://smetkovodstvo.com.mk/2020/03/14/%d0%bf%d0%be%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-14-934-%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%b0%d1%80/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b0%25d1%2581%25d1%2582-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bc%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b8%25d0%25bc%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25bd%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25bb%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0-14-934-%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b0%25d1%2580 Sat, 14 Mar 2020 14:50:05 +0000 https://smetkovodstvo.com.mk/?p=505 Новиот износ на минималецот ќе започне да важи од април 2020 година што би значело дека минималната плата за месец април ќе биде за 435 денари повисока од минималецот за март. Според ССМ постои реална потреба од зголемување на минималецот и во иднина согласно Европските препораки и тенденции и истата треба да изнесува 60% од …

Минималната плата ќе порасне на 14.934 денари нето износ Read More »

The post Минималната плата ќе порасне на 14.934 денари нето износ appeared first on АКАУНТ ГРУП.

]]>
Новиот износ на минималецот ќе започне да важи од април 2020 година што би значело дека минималната плата за месец април ќе биде за 435 денари повисока од минималецот за март.
Според ССМ постои реална потреба од зголемување на минималецот и во иднина согласно Европските препораки и тенденции и истата треба да изнесува 60% од просечната плата во државата.
Тоа значи дека ако просечната нето плата во моментов изнесува 26.836 денари, минималецот треба да биде 16.100 денари.
Оттаму апелираат до работодавачите да го следат растот на минималецот и ова покачување на минималната плата да биде основа за скалесто зголемување на сите плати на вработените, преку почитување на колективните договори.

The post Минималната плата ќе порасне на 14.934 денари нето износ appeared first on АКАУНТ ГРУП.

]]>
Обрасци и прописи за канцелариско и архивско работење https://smetkovodstvo.com.mk/2019/11/26/%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%b0%d1%81%d1%86%d0%b8-%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d1%86%d0%b5%d0%bb%d0%b0%d1%80%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%be-%d0%b8-%d0%b0%d1%80/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25be%25d0%25b1%25d1%2580%25d0%25b0%25d1%2581%25d1%2586%25d0%25b8-%25d0%25b8-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25be%25d0%25bf%25d0%25b8%25d1%2581%25d0%25b8-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25ba%25d0%25b0%25d0%25bd%25d1%2586%25d0%25b5%25d0%25bb%25d0%25b0%25d1%2580%25d0%25b8%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25be-%25d0%25b8-%25d0%25b0%25d1%2580 Tue, 26 Nov 2019 22:51:38 +0000 https://smetkovodstvo.com.mk/?p=408 Обрасци и прописи за канцелариско и архивско работење Важна напомена: Терковите и темплејтите кои може да ги преземете не преставуваат конечни верзии и истите се само модели кои корисниците треба да ги прилагодат согласно своите потреби Одлука за благајнички максимум Допис до архив Листа на архивски материјали Листа на документиран материјал со рокови за негово чување …

Обрасци и прописи за канцелариско и архивско работење Read More »

The post Обрасци и прописи за канцелариско и архивско работење appeared first on АКАУНТ ГРУП.

]]>
Обрасци и прописи за канцелариско и архивско работење

Важна напомена: Терковите и темплејтите кои може да ги преземете не преставуваат конечни верзии и истите се само модели кои корисниците треба да ги прилагодат согласно своите потреби

Одлука за благајнички максимум
Допис до архив
Листа на архивски материјали
Листа на документиран материјал со рокови за негово чување
План на архивски знаци
уплатни сметки и приходни шифри за плаќање на јавни давачки

The post Обрасци и прописи за канцелариско и архивско работење appeared first on АКАУНТ ГРУП.

]]>
Теркови од законот за финансиска дисциплина https://smetkovodstvo.com.mk/2019/11/26/%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d1%84%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b4%d0%b8%d1%81%d1%86/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2582%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25b8-%25d0%25be%25d0%25b4-%25d0%25b7%25d0%25b0%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2584%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25bd%25d1%2581%25d0%25b8%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b4%25d0%25b8%25d1%2581%25d1%2586 Tue, 26 Nov 2019 22:24:26 +0000 https://smetkovodstvo.com.mk/?p=398 Теркови од законот за финансиска дисциплина Важна напомена: Терковите и темплејтите кои може да ги преземете не преставуваат конечни верзии и истите се само модели кои корисниците треба да ги прилагодат согласно своите потреби Договор за купопродажба на стоки Договор за услуги

The post Теркови од законот за финансиска дисциплина appeared first on АКАУНТ ГРУП.

]]>
Теркови од законот за финансиска дисциплина

Важна напомена: Терковите и темплејтите кои може да ги преземете не преставуваат конечни верзии и истите се само модели кои корисниците треба да ги прилагодат согласно своите потреби

Договор за купопродажба на стоки
Договор за услуги

The post Теркови од законот за финансиска дисциплина appeared first on АКАУНТ ГРУП.

]]>
Теркови и темплејти од облигациони односи https://smetkovodstvo.com.mk/2019/11/25/%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d0%b3%d0%be%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%be%d0%b1%d0%bb%d0%b8%d0%b3%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b8-%d0%be%d0%b4/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d1%2582%25d0%25b5%25d1%2580%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25b8-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25b3%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b8-%25d0%25be%25d0%25b4-%25d0%25be%25d0%25b1%25d0%25bb%25d0%25b8%25d0%25b3%25d0%25b0%25d1%2586%25d0%25b8%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b8-%25d0%25be%25d0%25b4 Mon, 25 Nov 2019 19:53:35 +0000 https://smetkovodstvo.com.mk/?p=307 Теркови и темплејти на договор за дело, договор за преземање на долг, договор за цесија, договор за тројна компензација, договор за заем… Важна напомена: Терковите и темплејтите кои може да ги преземете не преставуваат конечни верзии и истите се само модели кои корисниците треба да ги прилагодат согласно своите потреби Договор за дело Авторски договор …

Теркови и темплејти од облигациони односи Read More »

The post Теркови и темплејти од облигациони односи appeared first on АКАУНТ ГРУП.

]]>
Теркови и темплејти на договор за дело, договор за преземање на долг, договор за цесија, договор за тројна компензација, договор за заем…

Важна напомена: Терковите и темплејтите кои може да ги преземете не преставуваат конечни верзии и истите се само модели кои корисниците треба да ги прилагодат согласно своите потреби

Договор за дело
Авторски договор
Договор за закуп
Договор за закуп на возило
Договор за користење на приватно возило за службени цели
Договор за превоз на патници во патниот сообраќај
Договор за безкаматна парична позајмица-физичко на правно лице
Договор за безкаматна парична позајмица-правни лица
Договор за заем
Договор за донација
Договор за продажба
Договор за деловна соработка
Договор за деловно посредување
Договор за трговско застапување
Договор за превземање на долг
Договор за компензација
Договор за цесија
Договор за асигнација
Тројна компензација

The post Теркови и темплејти од облигациони односи appeared first on АКАУНТ ГРУП.

]]>
Предлог измени и дополнувања на Законот за данок на личен доход и Законот за данокот на додадена вредност https://smetkovodstvo.com.mk/2019/11/25/%d0%b8%d0%b7%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%b8-%d0%b4%d0%be%d0%bf%d0%be%d0%bb%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%b0%d0%bd/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b8%25d0%25b7%25d0%25bc%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b8-%25d0%25b8-%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25bb%25d0%25bd%25d1%2583%25d0%25b2%25d0%25b0%25d1%259a%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25b4%25d0%25b0%25d0%25bd Mon, 25 Nov 2019 19:09:01 +0000 https://smetkovodstvo.com.mk/?p=289 Согласно најавените измени од страна на Владата на РСМ во собраниска процедура влегоа Предлог измени и дополнувања на Законот за данокот на личен доход и Законот за данокот на додадена вредност (ДДВ) кои се носат по скратена постапка. Предлог измените и дополнувањата на законот за данокот на личен доход се во насока на: 1. Одложување …

Предлог измени и дополнувања на Законот за данок на личен доход и Законот за данокот на додадена вредност Read More »

The post Предлог измени и дополнувања на Законот за данок на личен доход и Законот за данокот на додадена вредност appeared first on АКАУНТ ГРУП.

]]>
Согласно најавените измени од страна на Владата на РСМ во собраниска процедура влегоа Предлог измени и дополнувања на Законот за данокот на личен доход и Законот за данокот на додадена вредност (ДДВ) кои се носат по скратена постапка.

Предлог измените и дополнувањата на законот за данокот на личен доход се во насока на:
1. Одложување на примената на прогресивното оданочување на остварениот доход од работа, доход од самостојна дејност, доход од авторски и сродни права и доход од продажба на сопствени земјоделски производи.
2. Намалување на стапката на оданочување на доходот од закуп и подзакуп, доход од капитал, капитални добивки, доход од осигурување и друг доход.
3. Одложување на оданочувањето на каматите од депозити и капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност.
4. Доуредување на одредбите од членот 12 од Законот во делот на надоместоците на кои не се плаќа данок на доход (трошоци за сместување и превоз за лица кои се ангажирани за работа кај исплатувачот) и др.

Предлог измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност (ДДВ) се во насока на:
1. Пропишување на нов праг за регистрација од досегашните 1.000.000 денари на 2.000.000 денари и нов рок за дерегистрација за ДДВ од досегашните 5 години се намалува на 3 години.
2. Правото на одбивка на претходен данок само со поседување на фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари.
3. Даночни ослободувања при увоз на добра кои ги увезуваат воените сили на други држави кои се членки на НАТО и др.

The post Предлог измени и дополнувања на Законот за данок на личен доход и Законот за данокот на додадена вредност appeared first on АКАУНТ ГРУП.

]]>
Објавени измените на Законот за минимална плата и Законот за субвенционирање на придонесите за зголемена плата https://smetkovodstvo.com.mk/2019/11/25/%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%b8%d0%b7%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d0%bc/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25be%25d0%25b1%25d1%2598%25d0%25b0%25d0%25b2%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b8-%25d0%25b8%25d0%25b7%25d0%25bc%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25bc%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b8%25d0%25bc Mon, 25 Nov 2019 18:49:47 +0000 https://smetkovodstvo.com.mk/?p=285 новости Во Службен весник на РСМ, бр. 239 од 19.11.2019 година објавени се: Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата и Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата. Со измените на Законот за минимална плата почнувајќи од платата за месец Декември 2019 година висината на минималната …

Објавени измените на Законот за минимална плата и Законот за субвенционирање на придонесите за зголемена плата Read More »

The post Објавени измените на Законот за минимална плата и Законот за субвенционирање на придонесите за зголемена плата appeared first on АКАУНТ ГРУП.

]]>
новости

Во Службен весник на РСМ, бр. 239 од 19.11.2019 година објавени се: Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата и Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата.

Со измените на Законот за минимална плата почнувајќи од платата за месец Декември 2019 година висината на минималната плата ќе изнесува 14.500 денари во нето износ.

Во однос на Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата напоменуваме дека субвенционирањето на придонесите за зголемувањето на платите започнува да се применува со исплата на платата за месец октомври 2019 година. Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата ќе се применува од 1 ноември 2019 година до 31 октомври 2022 година. Сепак по однос на примената на Законот за субвенционирање на придонесите, Управата за јавни приходи потребно е да објави соодветна инструкција за начинот на пополнување на МПИН декларацијата. Имајќи во предвид дека платата за месец oктомври 2019 година веќе е исплатена, можноста за субвенционирање на придонесите за зголемена октомвриска плата ќе може да се искористи само преку исправка на МПИН декларацијата за што е потребно да почекаме на соодветна инструкција на УЈП.

The post Објавени измените на Законот за минимална плата и Законот за субвенционирање на придонесите за зголемена плата appeared first on АКАУНТ ГРУП.

]]>
Теркови и темплејти од областа на работните односи https://smetkovodstvo.com.mk/2019/11/25/%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b2/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25b2 Mon, 25 Nov 2019 18:32:20 +0000 https://smetkovodstvo.com.mk/?p=278 Теркови и темплејти од работните односи на договор за вработување, решение за годишен одмор, одлука за надоместување на штета, одлука за изрекување на парична казна… Важна напомена: Терковите и темплејтите од работните односи кои може да ги преземете не преставуваат конечни верзии и истите се само модели кои корисниците треба да ги прилагодат согласно своите …

Теркови и темплејти од областа на работните односи Read More »

The post Теркови и темплејти од областа на работните односи appeared first on АКАУНТ ГРУП.

]]>
Теркови и темплејти од работните односи на договор за вработување, решение за годишен одмор, одлука за надоместување на штета, одлука за изрекување на парична казна…

Важна напомена: Терковите и темплејтите од работните односи кои може да ги преземете не преставуваат конечни верзии и истите се само модели кои корисниците треба да ги прилагодат согласно своите потреби

Договор за вработување
Договор за вработување со полно работно време
Договор за вработување со скратено работно време
Договор за вработување за вршење сезонска работа
Изјава за продолжување на договорот за вработување
Согласност за дополнително работење
Одлука за изрекување отказ без отказен рок
Спогодба за раскин на договор за вработување
Решение за престанок на работен однос по барање на работник
Решение за престанок на работен однос поради возраст
Терк на договор за практикантство
Решение за исплата на додаток за деловна успешност-бонус
Одлука за давање на помош за лекување
Одлука за надомест во случај на смрт
Одлука за испратнина за одење во пензија
Одлука за доделување на стипендија
Одлука за новогодишен надомест
Одлука за неплатено отсуство
Одлука за надомест на штета
Одлука за изрекување парична казна
Одлука за одобрување на платен одмор
Одлука за определување на посредници
Одлука за избор на претставник на работниците
Терк за регрес за годишен одмор
Спогодба за утврдување на регресот за годишен одмор
Барање од работник за користење годишен одмор
Решение за годишен одмор
Решение за годишен одмор втор дел
Изјава за мобинг
Налог за службено патување
Решение за отсуство од работа поради COVID 19

 

The post Теркови и темплејти од областа на работните односи appeared first on АКАУНТ ГРУП.

]]>
Најава од Министерството за финансии: Ќе се менува Законот за ДДВ со кој ќе се зголеми прагот за регистрација за ДДВ од 1.000.000 денари на 2.000.000 денари и ќе се промени периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ од тековните 5 години на 3 години https://smetkovodstvo.com.mk/2019/11/11/%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%be%d1%81%d1%82-1/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25bd%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25be%25d1%2581%25d1%2582-1 Mon, 11 Nov 2019 14:06:34 +0000 http://smetkovodstvo.com.mk/?p=59 новости Министерството за финансии најавува измени на Законот за ДДВ со кои прагот за ДДВ обврзник ќе се зголеми од еден милион денари на два милиони денари. Сеопфатата анализа на Министерството за финансии покажа дека наплатата на ДДВ од даночни обврзници со промет до два милиони денари е само околу 8,7 милиони евра, додека даночната администрација …

Најава од Министерството за финансии: Ќе се менува Законот за ДДВ со кој ќе се зголеми прагот за регистрација за ДДВ од 1.000.000 денари на 2.000.000 денари и ќе се промени периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ од тековните 5 години на 3 години Read More »

The post Најава од Министерството за финансии: Ќе се менува Законот за ДДВ со кој ќе се зголеми прагот за регистрација за ДДВ од 1.000.000 денари на 2.000.000 денари и ќе се промени периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ од тековните 5 години на 3 години appeared first on АКАУНТ ГРУП.

]]>
новости

Министерството за финансии најавува измени на Законот за ДДВ со кои прагот за ДДВ обврзник ќе се зголеми од еден милион денари на два милиони денари.

Сеопфатата анализа на Министерството за финансии покажа дека наплатата на ДДВ од даночни обврзници со промет до два милиони денари е само околу 8,7 милиони евра, додека даночната администрација троши повеќе време за ДДВ обврзници кои придонесуваат со два проценти во вкупната наплата на ДДВ, отколку на оние кои придонесуваат со 73 проценти. Исто така, со ова Владата ќе им даде поддршка на малите и средни компании да растат и да се развиваат.

– Знаете дека темата за прагот стана актуелна откако во јавноста претставници на владата, уште пред таа да биде формирана гласно зборуваа дека прагот за ДДВ треба да се зголеми. Јавната дебата и притисок од јавноста за исполнување на ова усно дадено ветување се уште не е згасната и денеска сакам и таа да ја адресирам.

Затоа, ќе предложиме и промена на периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ и истиот ќе го скратиме на три години од тековните пет години. Со тоа сите правни и физички лица кои во 2019 година не го надминуваат новопоставениот праг, ќе може доброволно да се дерегистрираат од системот – рече министерката за финансии Нина Ангеловска, образлагајќи ги предлог-измените.

Таа посочи дека анализата покажала дека од обврзниците кои остваруваат промет до два милиони денари годишно државата прибира само 8,7 милиони евра. Второ, како што посочи, има нерамнотежа во трошењето на ресурсите на даночната администрација зашто човечките капацитети кои се трошат за обврзниците кои имаат мал придонес кон ДДВ, треба да се насочат кон справување со сивата економија за да имаме сеопфатен и праведен даночен систем.

Таа посочи и дека има 11.375 правни и физички лица кои се ДДВ обврзници кои во 2018 година имале промет под 1 милион денари. Овие физички и правни лица, се регистрирале кога надминале 1 милион, а потоа биле обврзани да останат во системот во следните 5 години, без оглед колку промет остваруваат. Голем дел од нив придонесуваат нула или многу малку, а се товар за системот од една страна, а од друга страна и админстрацијата е товар за нив.

The post Најава од Министерството за финансии: Ќе се менува Законот за ДДВ со кој ќе се зголеми прагот за регистрација за ДДВ од 1.000.000 денари на 2.000.000 денари и ќе се промени периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ од тековните 5 години на 3 години appeared first on АКАУНТ ГРУП.

]]>