АКАУНТ ГРУП

Известување на УЈП: Десктоп апликација на МОЈДДВ за скенирање и сторнирање на фискални сметки

новост

Управата за јавни приходи известува дека на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/206 може да се преземе Десктоп апликацијата МојДДВ и упатството за инсталација и користење којашто е наменета за скенирање и сторнирање на фискални сметки.
Со помош на оваа Десктоп апликација и приклучен баркод читач кон персонален компјутер, овластените лица во правните субјекти може да сторнираат фискални сметки.

Покрај мобилната апликацијата МојДДВ, Десктоп апликацијата е уште една можност за скенирање и сторнирање фискални сметки преку персонален компјутер на којшто е приклучен баркод читач.