АКАУНТ ГРУП

ЗА НАС

Акаунт Груп ДООЕЛ Скопје, нуди услуги од областа на сметководството, даночни услуги за правни и физички лица, пресметка на плата, административни и консултантски услуги, контрола на различни активности, регистрација на фирми и сѐ што е потребно за вашиот бизнис. Мотивот кој не движи се нашите долгогодишни задоволни клиенти, а постојаниот раст ви го должиме вам. Довербата која ни ја дадовте и вашите успеси ни овозможуваат и ние да растеме заедно со вас. Професионалниот пристап, достапноста, техничката поддршка и непосредноста се фактори кои ни овозможија да имаме одлична долгогодишна соработка со клиентите.

На своите клиенти им гарантираме брза и навремена услуга со висок квалитет. Услуги во согласност со важечките законски регулативи и строго почитување на етичките правила, дискреција, консултантска поддршка во решавањето на вашите деловни проблеми и пристап до вашите сметководствени документи во секое време.

Акаунт Груп, поседува лиценца за вршење на сметководствени работи издадена од Институтот на Сметководители и Овластени Сметководители на Република Македонија

Акаунт Груп, ја предводи г-ѓа Елена Оровчанец Дипломиран економист, експерт по финансиско сметководствен менаџмент, финансиско банкарство и даночен менаџмент. Елена е овластен сметководител со трајно уверение издадено од Министерството за Финансии. Останатите членови во тимот се исто така професионалци со уверенија за овластени сметководители со долгогодишно работно искуство во областа на финансиско и материјално сметководство, Меѓународните Сметководствени Стандарди (МСС), Меѓународните Стандарди за Финансиско Известување (МСФИ), даноци, работни односи и друго. 

На своите вработени им овозможуваме Континуирано Професионално Усовршување (КПУ), преку посети на стручни семинари и советувања. Истите се организирани од страна на еминентни лиценцирани консалтинг куќи. Со усовршувањето ја зголемува својата стручност, професионална надоградба, следење на законските прописи, како и нивно имплементирање во секојдневното работење.