Categories: Новости

Предлог измени и дополнувања на Законот за данок на личен доход и Законот за данокот на додадена вредност

Согласно најавените измени од страна на Владата на РСМ во собраниска процедура влегоа Предлог измени и дополнувања на Законот за данокот на личен доход и Законот за данокот на додадена вредност (ДДВ) кои се носат по скратена постапка.

Предлог измените и дополнувањата на законот за данокот на личен доход се во насока на:
1. Одложување на примената на прогресивното оданочување на остварениот доход од работа, доход од самостојна дејност, доход од авторски и сродни права и доход од продажба на сопствени земјоделски производи.
2. Намалување на стапката на оданочување на доходот од закуп и подзакуп, доход од капитал, капитални добивки, доход од осигурување и друг доход.
3. Одложување на оданочувањето на каматите од депозити и капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност.
4. Доуредување на одредбите од членот 12 од Законот во делот на надоместоците на кои не се плаќа данок на доход (трошоци за сместување и превоз за лица кои се ангажирани за работа кај исплатувачот) и др.

Предлог измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност (ДДВ) се во насока на:
1. Пропишување на нов праг за регистрација од досегашните 1.000.000 денари на 2.000.000 денари и нов рок за дерегистрација за ДДВ од досегашните 5 години се намалува на 3 години.
2. Правото на одбивка на претходен данок само со поседување на фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари.
3. Даночни ослободувања при увоз на добра кои ги увезуваат воените сили на други држави кои се членки на НАТО и др.

Kiril Orovcanec

Recent Posts

Претставен четвртиот пакет економски мерки на владата, за справување со економската криза COVID-19

Четвртиот пакет економски мерки е директна помош за економската и социјалната сигурност на нашите сограѓани,…

3 years ago

Вториот пакет економски мерки за справување со COVID 19 кризата

Владата на РСМ на вчерашната пресконференција го објави вториот пакет економски мерки за справување со…

4 years ago

Минималната плата ќе порасне на 14.934 денари нето износ

Новиот износ на минималецот ќе започне да важи од април 2020 година што би значело…

4 years ago

Обрасци и прописи за канцелариско и архивско работење

Обрасци и прописи за канцелариско и архивско работење Важна напомена: Терковите и темплејтите кои може да…

4 years ago

Теркови од законот за финансиска дисциплина

Теркови од законот за финансиска дисциплина Важна напомена: Терковите и темплејтите кои може да ги преземете…

4 years ago

Теркови и темплејти од облигациони односи

Теркови и темплејти на договор за дело, договор за преземање на долг, договор за цесија,…

4 years ago