Categories: Новости

Објавени измените на Законот за минимална плата и Законот за субвенционирање на придонесите за зголемена плата

новости

Во Службен весник на РСМ, бр. 239 од 19.11.2019 година објавени се: Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата и Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата.

Со измените на Законот за минимална плата почнувајќи од платата за месец Декември 2019 година висината на минималната плата ќе изнесува 14.500 денари во нето износ.

Во однос на Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата напоменуваме дека субвенционирањето на придонесите за зголемувањето на платите започнува да се применува со исплата на платата за месец октомври 2019 година. Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата ќе се применува од 1 ноември 2019 година до 31 октомври 2022 година. Сепак по однос на примената на Законот за субвенционирање на придонесите, Управата за јавни приходи потребно е да објави соодветна инструкција за начинот на пополнување на МПИН декларацијата. Имајќи во предвид дека платата за месец oктомври 2019 година веќе е исплатена, можноста за субвенционирање на придонесите за зголемена октомвриска плата ќе може да се искористи само преку исправка на МПИН декларацијата за што е потребно да почекаме на соодветна инструкција на УЈП.

Kiril Orovcanec

Recent Posts

6 знаци за финансиска неликвидност во фирмата

Препознајте 6 знаци за финансиска неликвидност навреме и преземете практични мерки за заштита на ликвидноста,…

8 hours ago

Вработен или надворешен сметководител за фирмата

Вработен или надворешен сметководител: споредете трошоци, контрола и даночен ризик за сигурна одлука што одговара…

2 days ago

Видови договори за деловна соработка во пракса

Видови договори за деловна соработка: преглед на обврските, даночниот третман и клучните ризици што компанијата…

4 days ago

Водич за финансиско планирање за компании

Практичен водич за финансиско планирање: буџет, ликвидност, даноци и контрола на трошоци за стабилно и…

6 days ago

Идни даночни промени: подготовка без ризик

Следете ги идните даночни промени во Северна Македонија и подгответе ги сметководството, роковите и паричниот…

1 week ago

Регулаторни промени за работодавачи во пракса

Регулаторни промени за работодавачи: практични чекори за усогласени плати, пријави, работни односи и помал ризик…

1 week ago