АКАУНТ ГРУП

Објавени измените на Законот за минимална плата и Законот за субвенционирање на придонесите за зголемена плата

новости

Во Службен весник на РСМ, бр. 239 од 19.11.2019 година објавени се: Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата и Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата.

Со измените на Законот за минимална плата почнувајќи од платата за месец Декември 2019 година висината на минималната плата ќе изнесува 14.500 денари во нето износ.

Во однос на Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата напоменуваме дека субвенционирањето на придонесите за зголемувањето на платите започнува да се применува со исплата на платата за месец октомври 2019 година. Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата ќе се применува од 1 ноември 2019 година до 31 октомври 2022 година. Сепак по однос на примената на Законот за субвенционирање на придонесите, Управата за јавни приходи потребно е да објави соодветна инструкција за начинот на пополнување на МПИН декларацијата. Имајќи во предвид дека платата за месец oктомври 2019 година веќе е исплатена, можноста за субвенционирање на придонесите за зголемена октомвриска плата ќе може да се искористи само преку исправка на МПИН декларацијата за што е потребно да почекаме на соодветна инструкција на УЈП.