АКАУНТ ГРУП

Минималната плата ќе порасне на 14.934 денари нето износ

Новиот износ на минималецот ќе започне да важи од април 2020 година што би значело дека минималната плата за месец април ќе биде за 435 денари повисока од минималецот за март.
Според ССМ постои реална потреба од зголемување на минималецот и во иднина согласно Европските препораки и тенденции и истата треба да изнесува 60% од просечната плата во државата.
Тоа значи дека ако просечната нето плата во моментов изнесува 26.836 денари, минималецот треба да биде 16.100 денари.
Оттаму апелираат до работодавачите да го следат растот на минималецот и ова покачување на минималната плата да биде основа за скалесто зголемување на сите плати на вработените, преку почитување на колективните договори.